Во Истанбул започна фестивалот на лалињата

Во рамките на фестивалот кој ќе трае до 30 април, ќе се одржат низа активности како што се изложби, симпозиуми и перформанси во живо

463449
Во Истанбул започна фестивалот на лалињата

Улиците, парковите, градините и плоштадите на Истанбул повторно се украсени со лалето, кое во минатото го симболизираше златниот период на Османлиската држава и има многу важно место во културата и митологиите на Истокот.

Годинава, под покровителство на Градската заедница на Истанбул се одржува 11-от Истанбулски фестивал на лалето кој започна во 2005 со слоганот „Средба на Истанбул со своето лале“.

Во рамките на фестивалот кој ќе трае до 30 април, ќе се одржат низа активности како што се изложби, симпозиуми и перформанси во живо на локалитетите како што се шумичката Емирѓан Корусу, паркот 60. Години Кадиќој Ѓозтепе и плоштадот Султанахмет.

Во рамките на фестивалот ќе гостуваат низа домашни музички групи, ќе се презентираат уметничката гранка ебру, калиграфијата и дување стакло, а исто така ќе се одржат и симпозиуми и спортски натпревари како и натпревари за најдобра фотографија и изложби.



Слични вести