На филмскиот фестивал во Фиренца ќе бидат прикажани и 4 турски филмови

Фестивалот кој се одржува по 6-ти пат оваа година делот „Ретроспектива“ ќе го оддели за 4 филмови на турската режисерка Јешим Устаоглу.​

462097
На филмскиот фестивал во Фиренца ќе бидат прикажани и 4 турски филмови

Во периодот од 5 до 10 април италијанскиот град Фиренца ќе биде домаќин на Филмскиот фестивал „Middle East Now“​.

Фестивалот кој се одржува по 6-ти пат оваа година делот „Ретроспектива“ ќе го оддели за филмовите на турската режисерка Јешим Устаоглу.​

На фестивалот во чии рамки ќе бидат прикажани најдобрите примери на кинематографијата од Блискиот исток и Северна Африка​ ќе бидат прикажани и четири филмови на турската режисерка Јешим Устаоглу​.

Освен кусометражниот филм снимен во 1992 година „Хотел“, ќе биде прикажан и филмот на Јешим Устаоглу „Патување кон сонцето“ снимен во 1999 година кој во Берлин ја доби наградата за најдобар европски филм и наградата за Мир, а на Истанбулскиот филмски фетивал наградите за најдобар филм и најдобар режисер.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани уште два нејзини филмови и тоа филмот „Пандорината кутија“ снимен во 2008 година кој на Филмскиот фестивал во Сан Себастиан ги доби наградите Златна школка за најдобар филм и Сребрена школка за најдобра женска улога, како и филмот „Араф“ кој на филмските фестивали во Абу Даби и Сплит ја доби наградата за најдобар филм, а на фестивалите во Москва, Токио и Пуне наградата за најдобра женска улога.



Слични вести