„Трошоците за образование на сириските ученици изнесуваат над 3 милијарди евра“

Министерот за образование Наби Авџи трошоците за образование на сириските ученици во Турција изнесуваат над 3 милијарди евра

460751
„Трошоците за образование на сириските ученици изнесуваат над 3 милијарди евра“

Министерот за образование Наби Авџи истакна дека трошоците на образованието кое им се дава на сириските ученици-бегалци изнесуваат над 3 милијарди евра.

Министерот Авџи истакна дека чувствителноста на меѓународната јавност по прашањето на решавањето на проблемите на сириските бегалци е недоволна и рече дека се очекува од Фондот на ОН за помош на децата УНИЦЕФ, ОН и меѓународната заедница да бидат почувствителни по овие прашања.

Привлекувајќи внимание дека во Турција се наоѓаат 750 илјади сириски ученици-бегалци, министерот за образование Наби Авџи додаде дека од нив 350 илјади ученици го продолжуваат своето образование во државни училишта, а останатите 400 илјади во приватните центри за образование во камповите отворени од страна на граѓанските организации.



Слични вести