​Награда од Меѓународната турска академија за професорите Азиз Санџар и Кемал Карпат

Одржан симпозиум на тема: „Агенда 2030: „Синергетски симпозиум на патот на свилата“.

​Награда од Меѓународната турска академија за професорите Азиз Санџар и Кемал Карпат

Под покровителство на Меѓународната турска академија со поддршка на постојаните претставници на Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан во ОН, се одржа симпозиум на тема: „Агенда 2030: „Синергетски симпозиум на патот на свилата“.

На состанокот, на турскиот Нобеловец професор Азиз Санџар и професорот Кемал Карпат им беа доделени награди за научниот придонес.

Професорот Санџар во говорот што го одржа по свечениот прием на наградата рече дека чувствува големо задоволство и среќа поради тоа што имал можност да биде добитник на Нобеловата награда во сферата на науката не само во име на Турција, туку целиот турски свет.

Турскиот свет во текот на историјата даде голем придонес во развојот на науката, рече Санџар и потенцираше дека само во последните 2 до 3 века, турскиот свет не можеше да одигра некоја позначајна улога во развојот на науката. Турскиот свет и целото човештво имаат одговорност да се фокусираат кон напредувањето на образованието, науката и математиката.

Професорот Санџар во продолжение на говорот рече дека чувствува голема гордост и задоволство по повод доделувањето на наградата и посочи дека ќе направи се што е во негова можност за поттикнување на турскиот свет кон науката.

Проферсорот Kемал Kарпат во говорот на свеченото доделување на наградите рече дека научниците од турскиот и исламскиот свет, дадоа голем придонес во развојот на науката кој денес го достигна западниот свет. Турскиот и исламскиот свет треба да излезе во пресрет на научните и технолошките достигнувања во чиј развој даде голем придонес, подвлече професорот Карпат.



Слични вести