Проект „Генски базен“ за чајните градини во Црноморската област

Генералната дирекција за преработка на чај ЧАЈКУР за пилот регион за проектот „Генски базен“ за чајните градини го избра градот Ризе и околината

460058
Проект „Генски базен“ за чајните градини во Црноморската област

Во Црноморската област на Турција ќе се формира проект „Генски базен“ за чајните градини.

Од страна на Генералната дирекција за преработка на чај ЧАЈКУР за генскиот базен што ќе се формира во склопот на проектот за обнова на чајните градини за пилот регион беше избран градот Ризе и околината.

Фиданките чај кои располагаат со различни карактери од земји како што се Кина, Шри Ланка, Индија, Виетнам, Индонезија, Кенија и пред се Јапонија, а кои земји реализираат значајни работи за усовршување на одгледувањето на чај во светот, од страна на ЧАЈКУР почнаа да се носат во Ризе.

По работите кои што ќе бидат реализирани на овие фиданки чај ќе биде формиран национален генски базен. Овој генски базен ќе обезбеди значаен придонес во одгледувањето на чај и секторот на чај во Турција.

Особено ќе бидат произведени и од оние видови чајеви со добар перформанс и способност на адаптација кои директно доаѓаат од Турција и од подобрените видови по пат на хибридизација меѓу видовите чајеви со различен карактер во генскиот базен.

На тој начин ќе располагаме со наши национални видови чајеви.



Слични вести