Исламскиот универзитет во Европа (IUE) ќе отвори своја филијала во Цирих

Исламскиот универзитет во Европа (IUE) ќе отвори своја филијала во швајцарскиот град Цирих

459280
Исламскиот универзитет во Европа (IUE) ќе отвори своја филијала во Цирих

Ректорот на Исламскиот универзитет во Европа (IUE) во Холандија професор доктор Недим Бахчекапили на панелот посветен на турскиот поет Мехмет Акиф Ерсој во Цирих изјави дека по Ротердам, Виена, Манхајм, Дуизбург и Берлин биле доставени голем број барања и од Швајцарија за отворање на филијала на универзитетот и во Цирих.

Бахчекапили истакна дека Исламскиот универзитет во Европа (IUE) беше формиран во холандскиот град Ротердам во 2001 година, а со цел изградба на идентитет на „совесен и на ниво европски муслиман“, правилно информирање на европските граѓани за исламот кој на Запад се перцепцира како „непожелна и опасна религија“ и за ставање во примена на сфаќањето „услугата на човекот е услуга на семоќниот“.

Денеска на Исламскиот универзитет во Европа (IUE) студираат над илјада студенти.

Ректорот Недим Бахчекапили истакна дека Мехмет Акиф Ерсој како мислител во текот на целиот свој живот живееше живот кој може да послужи како пример за добар човек и муслиман кој ја сака својата татковина со што претставува пример за денешните поколенија.

Бахчекапили рече дкеа противотровот на Исламофобијата се мислите на Мехмет Акиф Ерсој и додаде дека и на Исламскиот универзитет во Европа (IUE) се земаат за пример мислите на Мехмет Акиф Ерсој и неговото сфаќање на Исламот, како и неговиот начин на живот.

Исламскиот универзитет во Европа (IUE) кој има цел цел со протоколите за соработка што ги потпишува да им обезбеди можности за работа и постдипломски студии на студентите на различни универзитети, одржува универзитетска и постдипломаска настава на англиски, германски, турски, холандски и арапски јазик.



Слични вести