Аукција на исламски и индиски уметнички дела во Лондон

Експертите предвидуваат рекордна цена од 60 000 фунти да достигне порцеланската плочка од Изник на која е нацртана гравура на Ќаба и на џамијата Месџиди Харам

458135
Аукција на исламски и индиски уметнички дела во Лондон
Hа 19 април годинава во Лондон ќе се одржи аукција на исламски и индиски уметнички дела, како што се предмети од скапоцен порцелан, стакло, скулптури од бронза, рачно изработени теписи и текстил како и калиографски ракописи, некаде околу 315 евидентирани предмети, за кои уште отсега постои голем интерес кај љубителите на антиката. Експертите предвидуваат рекордна цена од 60 000 фунти да достигне порцеланската плочка од Изник на која е нацртана гравура на Ќаба и на џамијата Месџиди Харам. Освен овој експонат се очекува голема битка да се води за османлиското знаме изработено од чиста црвена свила од 19. век чија цена засега е утврдена на 30 000 фунти.


Слични вести