Награда „совршенство во турската кинематографија“ за Чаган Ирмак во Бостон

Режисерот Чаган Ирмак на 15-от Турски филмски фестивал во Бсотон награден со награда „совршенство во турската кинематографија“

457520
Награда „совршенство во турската кинематографија“ за Чаган Ирмак во Бостон

На Турскиот филмски фестивал во Бостон во САД кој се одржува по 15-ти пат режисерот Чаган Ирмак беше одликуван со награда „совршенство во турската кинематографија“.

Фестивалот започна со прикажување на филмот „Сармашик“ на режисерот Толга Карачелик.

Првиот ден на фестивалот кога беше приреден свечен прием во Музејот за умави уметности во Бостон беше приредена средба со двајцата познати турски режисери Чаган Ирмак и Толга Карачелик.

Потоа беше прикажан за прв пат во Северна Америка последниот филм на Чаган Ирмак, а беше прикажан и неговиот филм „Луѓето на дедо ми“.

Потоа беше беше одржана церемонија на која на Чаган Ирмак му беше врачена наградата „совршенство во турската кинематографија“.

Меѓу турските режисери кои ќе бидат гости на 15-от Турски филмски фестивал во Бостон освен Чаган Ирмак и Толга Карачелик се наоѓаат и Зеки Демиркубуз, Бен Хопкинс, Мустафа Кара, Фарук Хаџихафизоглу, Ахмет Бојаџиоглу, Јасемин Акинџи, Рамазан Динлер, Гундуз Севди, Селман Начар и Шереф Јенен.

Во рамките на фестивалската програма кој од страна на весникот „Бостон Глоб“ е соопштен како „Турција во центарот на вниманието“ оваа година ќе бидат прикажани 12 филмови.

Наградата „совршенство во турската кинематографија“ која од 2007 година му се доделува на еден режисер за неговите заслуги во турската кинематографија во претходните години им беше доделена на Зеки Демиркубуз, Реха Ердем, Нури Билге Џејлан, Јешим Устаоглу, дервиш Заим, Тајфун Пирселимоглу, Ерден Кирал, Реис Челик и Онур Унлу.



Слични вести