Документарниот филм „Окото на Истанбул“ поканет на филмските фестивали во Лос Анџелес и Мароко

„Окото на Истанбул“ беше избран за финалист во ексклузивната селекција на специјалниот избор и европската премиера во Солун

455961
Документарниот филм „Окото на Истанбул“ поканет на филмските фестивали во Лос Анџелес и Мароко

Документарниот филм „Окото на Истанбул“ во кој се раскажува животот на светско познатиот фотограф Ара Ѓулер, поканет на филмските фестивали во Лос Анџелес и Мароко.

Филмот „Окото на Истанбул“ кој беше избран за најдобра продукција во сите категории на Филмскиот фестивал на независниот филм во Вашингтон, доби покана за учество од страна на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Лос Анџелес и Меѓународниот фестивал на кинематографијата во Мароко.

На фестивалот на документарни филмови на тема „Слики од 21-от век“ што се одржа во грчкиот град Солун, филмот „Окото на Истанбул“ беше избран за финалист во ексклузивната селекција на специјалниот избор и европската премиера ја одржа во истото место.

Филмскиот фестивал за Југоисточна Европа ќе се доржи од 28 април до 5 мај, додека Меѓународниот фестивал на кинематографијата во Мароко ќе се одржи од 4 до 9 мај.



Слични вести