Поддршка од уметниците-бегалци на кандидатурата на Килис за Нобеловата награда за мир

Поддршка од уметниците-бегалци на кандидатурата на градот Килис за Нобеловата награда за мир за 2016 година.

455244
Поддршка од уметниците-бегалци на кандидатурата на Килис за Нобеловата награда за мир

8-мина уметници-бегалци од Сирија кои живеат во градот од контејнери во Елбејли кај градот Килис со свои ликовни дела на тема „граѓанската војна во нивната земја и подадената рака со помош од страна на Турција“ и доставија поддршка на градот Килис кој е кандидиран за Нобеловата награда за мир за 2016 година.

Според официјални регистри во градот Килис кој брои 90 илјади 300 жители бројот на сириските бегалци достигна до 125 илјади 700 лица.

Граѓаните на градот Килис кои уште од денот на започнување на граѓанската војна во Сирија не ги оставија сами Сиријците продолжуваат да им помагаат на бегалците со кои приближно 6 години како ги делат својот леб и својата храна.

Заинтересираноста е доста голема кон ликовните дела на сириските уметници-бегалци кои се претставени на платно и во својство на поддршка на кандидатурата на градот Килис за Нобеловата награда за мир за 2016 година.




Слични вести