Главниот црвен карактер на „Енгри Брдс“ стана амбасадор на ОН

Главниот црвен карактер на апликацијата „Енгри Брдс“, односно „Лути птици“ стана амбасадор на ОН

454550
Главниот црвен карактер на „Енгри Брдс“ стана амбасадор на ОН

Главниот црвен карактер на апликацијата „Енгри Брдс“, односно „Лути птици“ стана амбасадор на ОН.

ОН главниот карактер на популарната мобил апликација „Енгри Брдс“, односно „Лути птици“ го прогласија за специјален амбасадор во борбата против климатските промени.

По повод 20 март Светскиот ден на среќата ОН развија нов проект во борбата против климатските промени.

Целта е да се осознаат децата и да развие свеста кај децата.

На тој начин се има за цел воспитување на генерации кои ќе бидат свесни по прашањето на борбата против климатските промени.

Главниот црвен карактер на „Енгри Брдс“, односно „Лути птици“ ќе тргне на имагинарна протешка по светот и ќе учествува во акцијата за осознавање и развивање свест кон климатските промени.

За новите амбасадори кои беа задолжени од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун беше одржана церемонија во генералното седиште на светската организација.

Генералниот секретар Бан Ки-мун кој говореше на церемонијата рече: „Енгри Брдс е сакана од страна на милиони луѓе. Сега 'Лутите птици' ќе се грижат светот да стане подобро место за живеење.“



Слични вести