„Turk of America“ ги додели наградите за највлијателни турски жени во светот

Турските жени во Америка се гордост на нашето општество.

454155
„Turk of America“ ги додели наградите за највлијателни турски жени во светот

Списанието „Turk of America“ кое се објавува во Америка, ги додели наградите за највлијателни 30 турски жени во светот.

На свеченоста што се доржа по тој повод се собраа угледните и успешни жени на турската заедница.

На свеченоста во Њујорк беше прочитана пораката на американскиот претседател Барак Обама.

Обама во пораката истакна дека турските жени во Америка се гордост на нашето општество.

На свеченоста учествуваше и познатиот турски лекар Мехмет Оз заедно со ќерка му и сестра му, кои живеат во Америка.



Слични вести