Библиотека во Истанбул мевлевихана во Коња

Наскоро се планира изградба на џиновска библиотека во Истанбул со фонд од 10 милиони книги

453533
Библиотека во Истанбул мевлевихана во Коња
Министерот за култура и туризам Махир Унал најави дека наскоро се планира изградба на џиновска библиотека во Истанбул и мевлевихана во Коња. Библиотеката ќе биде сместена во просториите на касарната Рами која е во фаза на реставрација и ќе биде најголемата библиотека во Турција со вкупен книжен фонд од 10 милиони книги и друг вид на печатени дела. Министерот Унал додава дека воедно се планира изградба на мевлевихана во Коња каде во иднина ќе се одржуваат традиционалните манифестации Шеби Арус по повод одбележувањето на раѓањето на турскиот мистик и филозоф Мевлана Џелаледини Руми.


Слични вести