Данска најсреќна земја на светот

Турција се наоѓа на 78 место на најсреќни земи во светот.

452920
Данска најсреќна земја на светот

Според резултатите од заедничкото истражување на „Институтот за земјата (Earth Institute)“ и установата „Мрежа за решенија за одржлив развој (СДСН)“, од аспект на критериумите како што се нивото на приходите, постигнувањето рамноправност меѓу половите и вниманието и значењето кое му се придава на екологијата и заштитата на животната средина, Данска е прва земја на листата на најсреќни земји во светот.

На првите 7 места на листата на 157 земји во светот, се наоѓаат земјите од Европа.

По Данска, на второ место се наоѓа Швајцарија, потоа следуваат Исланд, Норвешка, Финска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

САД, Англија, Франција и Италија кои важат за најголеми економии во светот, не влегоа во првите десет на листата.

Турција се наоѓа на 78 место на најсреќни земи во светот.

На последните места на листата се наоѓаат земјите од Африка.

Сирија и Бурунди каде што продолжуваат судирите и граѓанската војна се најнесреќни земји во светот.



Слични вести