Хуманитарна кампања за помош за сириските бегалци од актерите на „Game Of Thrones“

Кренете се на нозе. Можете да помогнете.

451511
Хуманитарна кампања за помош за сириските бегалци од актерите на „Game Of Thrones“

Актерите на „Game Of Thrones“ (Игра на тронови) најгледаната серија во светот која ги соборува рекордите започнаа заедничка хуманитарна кампања за помош за сириските бегалци.

Актерите на видеото во рамките на кампањата „Спасувањето нема граници“ на Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) истакнуваат дека во светот има околу 16 милиони бегалци и ги повикуваат гледачите со следните зборови: Кренете се на нозе. Можете да помогнете.

Претседателот на комитетот Дејвид Милибанд рече дека преку кампањата планираат да соберат околу 1 милион долари и со поддршка на актерите на „Game Of Thrones“ луѓето да преземат потфати и иницијативи за бегалците.



Слични вести