ТРТ и БХРТ потпишаа протокол за соработка во техничка опрема

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока и генералниот директор на Радио-Телевизијата на Босна и Херцеговина БХРТ Белмин Карамехмедовиќ во Сараево потпишаа протокол за соработка во техничка опрема

449615
ТРТ и БХРТ потпишаа протокол за соработка во техничка опрема

Турската радио-телевизија ТРТ и Радио-Телевизијата на Босна и Херцеговина БХРТ потпишаа протокол за соработка во техничка опрема.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во говорот што го одржа на церемонијата на потпишување на протоколот за соработка во Сараево истакна дека ќе и се доставува поголема поддршка на Босна и Херцеговина.

Ѓока нагласи дека соработката во содржински материјали и техничка опрема ќе биде уште повеќе зајакнета и продолжена.

Генералниот директор на Радио-Телевизијата на Босна и Херцеговина БХРТ Белмин Карамехмедовиќ истакна дека техничката поддршка е од големо значење за неговата земја.

Карамехмедовиќ нагласи дека со потпишаниот протокол за соработка во сферата на програмските содржини и обуката уште повеќе ќе ја зајакне соработката помеѓу двете радио-телевизиски куќи.

Во склопот на потпишаниот протокол за соработка ТРТ ќе и достави техничка помош на Радио-Телевизијата на Босна и Херцеговина БХРТ од целосно опремено возило за директен пренос, студио за информативни програми, како и 200 парчиња уреди меѓу кои и 8 актуелни камери и 2 студио камери.

Генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока му подари на генералниот директор на Радио-Телевизијата на Босна и Херцеговина БХРТ Белмин Карамехмедовиќ носталгично радио кое е дојдено во положба на симбол на ТРТ.



Слични вести