60 земји аплицирале за откупување на авторските права на серијата „Воскреснување- Ертугрул“

На средбите во Анталија ќе се оформи рамката на барањата

448383
60 земји аплицирале за откупување на авторските права на серијата „Воскреснување- Ертугрул“

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока рече дека инвеститорите на околу 60 земји аплицирале за откупување на авторските права на серијата „Воскреснување- Ертугрул“.

Ѓока во изјавата рече дека како резултат на промените во последно време, се зголеми заинтересираноста на граѓаните кон сите канали на ТРТ.

Започна значаен процес на репатријација на гледачите кон каналите на ТРТ, рече Ѓока и потенцираше дека од аспект на сите серии и програми, ТРТ се наоѓа меѓу првите пет. Секако дека најголем удел во напредувањето има серијата „Воскреснување- Ертугрул“.

Шенол Ѓока им се заблагодари на сите граѓани, продуценти на сериите и актерите како и вработените во ТРТ.

Ѓок посочи на значајните промени кои што беа доживеани во ТРТ и подвлече дека преовладува големо интересирање од странство за нашите серии.

Сеуште не постигнавме конкретни договори. На 23 април во Анталија ќе се одржи ЕКСПО 2016. Паралелно со тоа ќе одржиме концепт саем. Во тие рамки ги каниме генералните директори, главни и одговорни уредници на надлежните ТВ куќи на 84 земји. На средбите во Анталија ќе се оформи рамката на барањата. Досега водиме преговори и постигнавме некои прелиминарни договори. Правиме проценка на сите барања. Веднаш по саемот ќе ги разгледаме сите барања и ќе донесеме конечна одлука Досега има конкретни и сериозни барања од 60 земји, рече Ѓока.



Слични вести