Емине Ердоган,да се огледаме на турските султании

Емине Ердоган говореше на собирот на тема „ Турски султании кои оставија свој белег во историјата“ организиран од страна на Министерството за околина и урбанизам.

447498
Емине Ердоган,да се огледаме на турските султании

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган,Емине Ердоган говореше на собирот на тема „ Турски султании кои оставија свој белег во историјата“ организиран од страна на Министерството за околина и урбанизам.

Емине Ердоган рече дека од големо значење е да се потсетиме на турските султании кои оставија свој белег на османлиската турска историја воедно и да ги запознаеме помладите генерации со нивните дела.

Турските султании претставувале вистински пример за сите мајки со огромното срце,добродушноста, пожртвуваноста,мајчинството и кои воспитале нови генерации на престолонаследници на османлискиот престол.

Не случајно што милосрдната рака на Турција денес се пружа кон сите страни на светот. Ако денес нашата земја е позната како најхумана и најмилосрдна земја тоа во голема мера се должи на нашето минато и на нашата традиција и култура. Турската историја е полна со жени и мајки на султани кои посветувале големи објекти на сиромашните и кои им помагале на различни начини.Тоа е најдобар доказ за тоа колку биле вкоренети правата на жените во турската култура.

Наша должност како наследници на оваа култура е да продолжиме со негување на оваа традиција и да им ја предадеме на идните генерации. Во исто време треба да се залагаме за еднаквост меѓу половите и за поголемо учество на жената како во културниот, така и во политичкиот,економскиот,академскиот и деловниот свет на земјава.



Слични вести