Поддршка од САД за кандидатурата на Килис за Нобеловата награда за мир

Бирото за население, мигранти и миграција на САД преку својот профил на Твитер напиша: „Еден турски град кој прави многу за сириските бегалци подготвен за кандидирање за Нобеловата награда за мир“

436831
Поддршка од САД за кандидатурата на Килис за Нобеловата награда за мир

Поддршка од САД на кандидатурата на градот Килис за Нобеловата награда за мир.

Бирото за население, мигранти и миграција на САД го сподели преку својот профил на социјалната мрежа Твитер текстот под наслов „Еден турски град кој прави многу за сириските бегалци подготвен за кандидирање за Нобеловата награда за мир“.

Во текстот се вели дека градот Килис за сето она што го направи за сириските бегалци до денеска е подготвен за кандидат за Нобеловата награда.

Во текстот напишан од страна на Ручард Хол на интернет страницата на Меѓународното народно радио кое емитува во САД се упатуваат пофалби до градот Килис за сето она што го има направено за сириските бегалци.

Се истакнува дека бројот на сириските бегалци во градот Килис изнесува околу 120 илјади што е повеќе од бројот на турските граѓани кои живеат во овој град и се вели дека кандидирањето на Килис за Нобеловата награда за мир од страна на потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Ајхан Сефер Устун е крајно оправедно.

Потпретседателот на АК Партијата Ајхан Сефер Устун во писмото што го напиша до Комитетот за Нобелова награда истакна дека примерот на солидарност што жителите на градот Килис го презентираат кон сириските бегалци е од редок вид и се обрати за доделување на Нобеловата награда за мир за оваа година на Килис.



Слични вести