Кандидатот на Украина на Евровизија 2016 Џамала ќе ја налути Русија

На Евровизија 2016 во Стокхолм-Шведска, Украина ќе ја претставува кримската татарска пејачка Џамала

437467
Кандидатот на Украина на Евровизија 2016 Џамала ќе ја налути Русија

Претставникот на Украина на годинашниот натпревар за Избор на песна на Евровизија (2016) ќе ја налути Русија.

Бидејќи на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија (Евросонг 2016) што ќе се одржи во мај во главниот град на Шведска Стокхолм, Украина ќе ја претставува кримската татарска пејачка Џамала.

Песната со која Џамала ќе ја претставува Украина на Евросонг 2016 се вика „1944“ во која се раскажува за насилното протерување на приближно 200 илјади кримски Татари од страна на Русите (во времето на Сталин) на 18 мај 1944 година.

Песната на Џамала почнува со зборовите „Странци доаѓаат во вашата куќа и ве убиваат сите“ во врска со што пак вели: „Имав потреба од оваа песна за да го изнесам од моето срце споменот на илјадници кримски Татари.“

Пред Евровизијата Џамала испрати порака и до Турција во која рече: „Ако на Евровизија ја претставувам Украина тогаш мислам дека турскиот народ ќе ме поддржи како да поддржува свој претставник.“

Џамала истакна дека својата песна „1944“ ја напишала со инспирацијата од раскажувањата на нејзината баба за насилното прогонување со своите 5 деца во скутот од Крим во Централна Азија на 18 мај 1944 година.

За време на Втората светска војна по наредба на Џозеф Сталин тогашните советски власти со обвинување дека соработувале со Германците приближно 200 илјади кримски Татари беа насилно протерани од нивните домови.

Кримските Татари беа насилно протерани во Узбекистан, Казахстан и во други области на тогашниот Советски Сојуз.



Слични вести