Во Невшехир откриен нов подземен антички град

Под дивоградбите во градот Невшехир кои што беа срушени од страна на Управата за колективни станови ТОКИ за реализација на урбана трансформација беше откриен подземен историски град

433121
Во Невшехир откриен нов подземен антички град

Во Невшехир откриен нов подземен антички град..

Под дивоградбите во градот Невшехир кои што беа срушени од страна на Управата за колективни станови ТОКИ за реализација на урбана трансформација беше откриен подземен историски град.

Продолжуваат работите за истражување во историскиот град во должина од 7 километри.

Претседателот на Управата за колективни станови ТОКИ М. Ерѓун Туран изјави дека по ваквиот развој биле сопрени градбените активности.

Нагласувајќи дека во рамките на проектот за урбана трансформација на калето и околината на Невшехир во соработка на ТОКИ и општина Невшехир е откриен најголемиот подземен антички град во светот, Туран рече: „Ова е целосно ново откритие кое ќе ја расветли наново историјата на Анадолија. Овој простор е прогласен за заштитено археолошко подрачје од трет степен. Во овој подземен град се протегаат тунели долги дури по 7 километри. Се работи на тоа каква вредност ова ќе му придаде на Невшехир. Тоа ќе придонесе во туризмот.“



Слични вести