Историска средба меѓу католичкиот и православниот свет

Францис и Кирил се состанаа во Хавана

431785
Историска средба меѓу католичкиот и православниот свет

Духовните лидери на православната и католичката црква првпат се состануваат по одвојувањето на црквите во 1054 година.

Папата Францис и лидерот на руската православна црква патријархот Кирил се соатанаа во Хаван и по двочасовната средба двајцата лидери потпишаа заедничка декларација.

Двајцата лидери во декларацијата изразија жалење поради губењето на единството на црквата.

Кирил и Францис упатија повик за обединување до меѓународната заедница за окончување на тероризмот.

Во декларацијата меѓудругото беше упатен повик за заштита на христијаните на Блискиот Исток и богатите земји да не бидат индиферентни наспроти бегалците.



Слични вести