IUS потпиша договори за размена на студенти со 5 универзитети

Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) потпиша договор за размена на студенти преку програмата Ерасмус со 5 универзитети од кои три универзитети од Турција

425364
IUS потпиша договори за размена на студенти со 5 универзитети

Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) формиран од страна на турски претприемачи потпиша договор за размена на студенти преку програмата Ерасмус со 5 универзитети од кои три универзитети од Турција.

Во објавеното писмено соопштение од Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) се истакнува дека IUS кој е формиран во 2004 година ќе продолжува да биде универзитет од меѓународен карактер и во новата година и дека во тие рамки е потпишан договор за размена на студенти преку програмата Ерасмус со 5 универзитети од кои 3 од Турција и по еден од Летонија и Словенија.

Во соопштението се вели дека договорот за кој станува збор е потпишан со Градскиот универзитет во Истанбул, Анкарскиот универзитет и вакафскиот универзитет Фатих Султан Мехмет од Турција и Универзитетот во Рига од Летонија и универзитетот од Љубљана во Словенија.

На Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) кој е еден од најстарите вакафски универзитети во регионот и на кој студираат приближно 2 илјади ученици од 50 различни земји се одржува настава во 20 различни програми од психологија до меѓународни односи и од инежерство до менаџмент.



Слични вести