На пораките на социјалните медиуми беше употребена етикетата „#OscarsSoWhite“ (Оскарот е многу бел)

На пораките на социјалните медиуми беше употребена етикетата „#OscarsSoWhite“ (Оскарот е многу бел)

422854
На пораките на социјалните медиуми беше употребена етикетата „#OscarsSoWhite“ (Оскарот е многу бел)

По минатогодишните критики дека поголемиот број од номинираните кандидати за Оскар дека биле белци, доделувањето на овогодишните филмските награди Оскар е мета на остри критики бидејќи нема ниту еден црнец.

По објавувањето на имињата на номинираните кандидати за најдобра машка и женска улога од страна на Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) во четврток, од кои сите беа белци како и неноминирањето на ниту еден режисер од црнечко потекло на финалето во категоријата за најдобар режисер, предизвика големи критики во американскиот печат и особено социјалните медиуми.

На пораките на социјалните медиуми беше употребена етикетата „#OscarsSoWhite“ (Оскарот е многу бел).

Ал Шарптон, поп од црнечко потекло, активист за граѓански права и еден од советниците на Белата куќа во завчерашната изјава за печатот го обвини Холивуд за „измамништво“ поради тоа што сите номинирани кандидати за оскар биле белци.

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту се натпреварува во категоријата за најдобар режисер. Лани, неосвојувањето награда на филмот Селма на режисерката Ава Дувернај, а која беше само номинирана во категоријата за најдобар филм, предизвика големи критики во американската јавност.

Во минатогодишните критики за расизам кои се појавија на социјалните медиуми по повод номинациите за Оскар, беа упатени и критики и на сметка на структурата на Академија за филмски уметности и науки (АМПАС), особено дека 93 насто од членовите биле белци, 76 насто мажи и 85 насто над 50 годишна взораст.



Слични вести