ТРТ подготви проект за 33 ТВ филмови

Со проектот покренат со слоганот „Твоето сценарио, твојот филм“ најдоа живот 33 телевизиски филмови

399608
ТРТ подготви проект за 33 ТВ филмови

Турската радио-телевизија ТРТ фрли потпис на џиновски проект.

Со проектот покренат со слоганот „Твоето сценарио, твојот филм“ најдоа живот 33 телевизиски филмови.

Во рамките на проектот за телевизиски филмови со кој бројот на продукции во турската кинематографија годишно е зголемен за два пати, странските извори на продукција и пишување на сценарио се преведени на турски и се претставени пред љубителите на кинематографијата.

Заменик главниот и одговорен уредник на Оделот за телевизија на Турската радио-телевизија ТРТ Осман Ургун подвлече дека во рамките на проектот се појавија многу успешни продукции и рече: „Беа реализирани вкупно околу 33 проекти. Сите од овие проекти се во стандард на кинематографски филмови и проекти кои што би можеле да станат кинематографски филмови.“

Кон проектот се вклучени сценарија и филмски ателјеа, како и холивудски продуценти.

Џон Морисеј, продуцент на American History X правејќи проценка на проектот рече: „Приодот на ТРТ кон меѓународната филмска продукција е мошне значаен. Верувам дека ќе и придаде сила на турската кинематографија. Со овој проект верувам дека ТРТ одигрува улога на лидер во овој сектор.“

Со проектот телевизиски филмови се има за цел и да се обезбеди протек на информации кон секторот и да се зголеми вработувањето.


Тагови:

Слични вести