Радиото „Гласот на Турција" ја доби наградата за најдобро радио

Радио програмата „Ѓонул достлари“ (Пријатели од срце) на Радиото Глас на Турција беше избрана за најдобра радио програма на годината

396329
 Радиото „Гласот на Турција" ја доби наградата за најдобро радио

Силниот глас на Турција и ТРТ во светот, Радиото „Гласот на Турција“ ја доби наградата за најдобро радио на годината.

Списанието „Moon Life“ свечено им ги врачи наградите на добитниците за „најдобри на годината“.

На свеченоста што се одржа во Истанбул, учествуваа голем број гости од деловниот, културно уметничкиот и телевизискиот свет.

Радио програмата „Ѓонул достлари“ (Пријатели од срце) на Радиото "Гласот на Турција" која се емитува секој четврток во 17.05 часот по турско време, беше избрана за најдобра радио програма на годината.

Наградата за програмата чиј продуцент е Озкан Акин му беше врачена на водителот Хакан Сариџа.


Тагови:

Слични вести