Кафето симбол на гостољубивост, пријателство и љубезност

Традиционалното турско кафе е варено бавно на тивок оган од жар, претежно во мангал, во бакарно џезве и се одликува со густата пена

397007
 Кафето симбол на гостољубивост, пријателство и љубезност

Турското кафе на списокот на УНЕСКО od 2013'та

 Идната недела се очекува УНЕСКО на годишниот состанок да ги соопшти новите прехрамбени продукти и специјалитети кои ќе бидат додадени на списокот на светското нематеријално наследство за 2016.

На овој список меѓу другите специјалитети од 2013 година се наоѓа и традиционалното турско кафе варено бавно на тивок оган од жар, претежно во мангал, во бакарно џезве и со густа пена.

УНЕСКО за турското кафе ја напиша следната карактеристика : симбол на гостољубивост, пријателство, љубезност и убав муабет.

Годинава на списокот на нематеријалното наследство на УНУЕСКО се очекува да се приклучат корејската туршија од зелка наречена кимчи, хрватскиот колач од ѓумбир и смолата од егејскиот остров Сими.


Тагови:

Слични вести