Свечено отворен Чифте Амамот во Тетово реставриран од ТИКА

Вчера во Тетово свечено беше отворен Чифта амамот чија реставрација беше реализирана од страна на Агенцијата за соработка и координација (ТИКА)

416380
Свечено отворен Чифте Амамот во Тетово реставриран од ТИКА

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Вчера свечено беше отворен Чифте амамот во Тетово чиј проект беше подготвен од страна на министерството за култура на Република Македонија, а реставрацијата беше реализирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На свеченото отварање на овој историски објект од османлискиот период присуствуваа министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, потпреседателот на ТИКА Али Маскан, градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи, државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, амбассадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил, како и претставници на други институции и организации од земјава.

Свеченото отворање се одвиваше во два дела, односно во првиот дел се одржаа говорите, а во вториот беше отворена изложбата “Заштитата на културното наследство во Македонија и придонесот на ТИКА”.

Во рамките на изложбата беа претставени тетовскиот Амам, Мустафа Пашината џамија во Скопје, џамијата Исхакије во Битола, џамијата Махмут Ага во село Радања во Штип, џамијата Мустафа Ќебир Челеби во Струга, теќето Халвети Хајати Чуллу Баба во Кичево,  џамијата Зејнел Абидин Паша и теќето Пир Мехмет Хајати Хазретлери Халвети во Охрид, турбето Синанудин Јусуф Челеби во Охрид, Воска амамот во Охрид и спомен куќата на таткото на Мустафа Кемал Ататурк во селото Коџаџик во општина Центар Жупа.

Градоначалникот на Тетово Теута Арифи во своето излагање рече дека Тетово е град со многу стари културолошки вредности и дека нејзината заложба секогаш ќе остане во насока на балансирани политики.

“Сакам особено да им се заблагодарам на пријателите од ТИКА, који го забележале овој значаен момент на нашата заедничка култура и историја и во оваа насока направиле многу за да имаме заедничка блискост и сеќавање на нашата култура”, рече Арифи.

Потпретседателот на ТИКА Али Маскан истакна дека ТИКА реализира низа активности во многу области низ цела Македонија како земја со која постои пријателска врска со 600-годишна историја. 

Маскан, меѓу другото кажа дека биле остварени многу заеднички активности со Министерството за култура на Македонија и дека реставрирањето на Чифте амамот во Тетово е една од тие активности. “ На овие дела не треба да се гледа само како на затрупани камења, затоа што овие дела имаат живот. Овие петвековни споменици да имаа уста да зборуваат ќе раскажеа многу за тоа што доживеале”, рече Маскан.

Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, истакна дека е задоволна од тоа што овој проект е дел од проектите на Владата на Република Македнија.

Таа рече дека со реставрирањето на овој споменик од 16 век му е вратен некогашниот сјај.

“Проектот за рестарврација на Чифте амамот во Тетово, е еден од многуте проекти кои го претставуваат пријателството помегу Турција и Македонија”, изјави Канческа-Милевска.

Чифте амамот во Тетово е изграден во 16 век наспроти Шарената џамија.

Овој амам е еден од најинтересните архитектонски споменци од Османлискиотпериод во Македонија.

Амамот, моментално се употребува како уметничка галерија и изложбен салон од страна на Министреството за култура на Македонија.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ


Тагови:

Слични вести