Специјалната награда за Музејот на Селџучката цивилизација

Музејот на Селџучката цивилизација беше формиран во зградата на првиот медицински центар во светот, медресето Гевхер Несибе

391205
Специјалната награда за Музејот на Селџучката цивилизација

Музејот на Селџучката цивилизација во Кајсери на натпреварот за Заштита на историското и културно наследство што се одржа под покровителство на Асоцијацијата на историските градови ја освои специјалната награда на жирито.

Музејот на Селџучката цивилизација беше формиран во зградата на првиот медицински центар во светот, медресето Гевхер Несибе.

Во рамките на музејот се наоѓаат 600 експонати и околу 1000 древни ковани пари.

Тоа е комплекс објекти во чии рамки се наоѓаат месџит (помала џамија), турбе и амам.

Асоцијацијата на историските градови одржа Натпревар за поттикнување на проектите за заштита на историското и културно наследство.

На натпреварот на кој учествуваа 51 проект од 32 града, Музејот на Селџучката цивилизација ја освои специјалната награда на жирито.

Првиот и единствен Музеј на Селџучката цивилизација во Турција, месечно го посетуваат просечно околу илјада посетители.


Тагови:

Слични вести