Меѓународна награда за Анталија „Градови кои цутаат"

Анталија со проектот во Калеичи и на Хидирлик Сокак го освои првото место на натпреварот на канадската граѓанска организација Градови кои цутаат

387592
Меѓународна награда за Анталија „Градови кои цутаат"

На натпреварот во национална и меѓународна категорија во организација на граѓанската организација Градови кои цутаат (Communities in Bloom) со седиште во Канада, првото место го освои локалната самоуправа на градот Анталија со проектот во Калеичи и на Хидирлик Сокак.

На церемонијата на доделување на наградата што се одржа во градот Камлопос во Канада учествуваа и валијата на Анталија Муаммер Туркер и градоначалникот Мендерес Турел.

Градот Анталија беше одликуван со оваа награда поради тоа што е град во кој и може да се работи и може да се живее.

Првото место на Анталија му припадна поради градскиот пејзаж, преуредувањето на околината и присвојувањето на проектот од страна на народот.

Членовите на жирито Alain Cappelle и Richard Daigneault кои во јули годинава дојдоа во Анталија и го прошетаа градот во текот на два дена беа воодушевени од проектот во Калеичи и на Хидирлик Сокак. 

Така во извештајот на членовите на жирито стои напишано следното: „Анталија која располага со едно големо историско наследство, со културните вредности и цвеќињата кои што цветаат на нејзините берикетни почви се прикажува како пример. Во рамките на овој проект Калеичи каде што заедно заземаат место заедно историските ткива заедно со колоритните надежи и мирољубивите мириси на цветовите ќе стане точка на среќавање на различните култури. Тоа што во 2016 година ќе се одржи светскиот саем ЕКСПО овој проект го преобразуваат во позначаен универзален идентитет.“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по повод освоеното прво место на натпреварот Градови кои цутаат го побара по телефон градоначалникот на Анталија Мендерес Турел на кого му честита за овој успех.

Ердоган им честиташе и на сите кои имаа заслуга во добивањето на оваа награда, а пред се еснафите и занаетчиите во Калеичи и на Хидирлик Сокак.


Тагови:

Слични вести