Саем за семејство и економија помеѓу културите во Виена

На свеченото отворање на Саемот за семејство и економија помеѓу културите учествуваа голем број високи функционери и гости

387148
Саем за семејство и економија помеѓу културите во Виена

Во главниот град на Австрија Виена отворен Саемот за семејство и економија помеѓу културите.

На свеченото отворање на саемот учествуваа австриската министерка за семејство Софи Кармасин, министерката за интеграција на покраината Виена Сандра Фраунбергер, потоа амбасадорот на Турција во Австрија Хасан Ѓогуш и генералниот конзул во Виена Тајјар Каган Атај.

Австриската министерка за семејство Софи Кармасин во изјавата што ја даде за Турската радио-телевизија ТРТ укажа на значењето на саемот и рече: „Мошне е добро тоа што е отворен првиот саемт за семејство и економија помеѓу културите. Она што е значајно за мене на овој саем е комуникацијата помеѓу културите и како што можам да видам оваа комуникација ќе се оствари на најдобар начин.“

На саемот учествуваше и претседателот на Трговската комора на Анкара Салих безџи, а беше посетен и од страна на голем број турски и австриски бизнисмени.

Саемот кој што има за цел да ја интензивира интеракцијата во трговијата и културата помеѓу двете земји се планира отсега да се организира редовно еднаш во годината.


Тагови:

Слични вести