Награда за филмот „Опсада" на 72-от Филмски фестивал во Венеција

Во филмот „Опсада“ се раскажува за животната приказна на двајца браќа кои се обидуваат да преживеат во средина на интензивно политичко насилство

386834
Награда за филмот „Опсада" на 72-от Филмски фестивал во Венеција

Филмот „Опсада“ на турскиот режисер Емин Алпер ја доби специјалната награда на жирито на најстариот кинематографски фестивал на светот што се одржа на Натпреварот Лидо во Венеција .

Во филмот „Опсада“ се раскажува за животната приказна на двајца браќа кои се обидуваат да преживеат во средина на интензивно политичко насилство. 

Режисерот Емин Алпер во говорот што го одржа по доделувањето на наградата им се заблагодари на жирито од чија страна беше награден неговиот филм и на филмската екипа.
Минатата година специјалната награда на жирито во Венеција ја доби филмот „Сивас“ на турскиот режисер Каан Муждеџи.
На тој начин филмовите на турските режисери едно по друго станаа добитници на наградата на специјалното жири на едниот од најстарите филмски фестивали на светот и со тоа фрлија потпис на еден поинаков успех.
Во меѓувреме филмот „Опсада“ ја доби и наградата Арка Синема Џовани која се доделува од страна на млади на возраст од 18 до 26 години кои се бават со кинематографија и кои се од различни земји, а која што се одржува истовремено со фестивалот во Венеција.


Тагови:

Слични вести