Пештерата Јерќупе кај Мугла, природен ладилник
Пештерата Јерќупе која се наоѓа на висорамнината Бешпинар во населеното место Каваклидере кај градот Мугла годишно е посетувана од страна на 10 илјади лица
Пештерата Јерќупе која е со карактеристика на природен фрижидер или ладилник буди голема заинтересираност кај посетителите.
Пештерата Јерќупе се наоѓа на висорамнината Бешпинар во населеното место Каваклидере кај градот Мугла и поради тоа што во летните месеци температурата опаѓа на дури 5 степени потсеќа на природен фрижидер или ладилник.
Во областа опколена со стотици годишни борови шуми и јаворови дрвја има и места за пикник и викендички на висорамнините.
Посетителите кои доаѓаат во одредени периоди од годината пешачат низ шумата, ноќеваат во викендичките на висорамнините и доживуваат едно поинакво задоволство.
Пештерата Јерќупе им обезбедува на посетителите да доживеат една поразлична атмосфера и со сталактитите и сталагмитите.
Пештерата во должина од 110 метри годишно е посетувана од страна на 10 илјади лица.
Во близина на пештерата има и реки и мали езерца.