Прв збратимен град за Истанбул од субсахарска Африка

На средбата помеѓу амбасадорот на Турција во Преторија Каан Есенер и градоначалникот на Јоханезбург Паркс Тау е постигната согласност за преземање на потребните иницијативи за збратимување на Истанбул и Јоханезбург

317669
Прв збратимен град за Истанбул од субсахарска Африка

Започнаа разговорите за постигнување договор за збратимување помеѓу метрополата на Јужноафриканската Република Јоханезбург и Истанбул.

Во Јоханезбург беше остварена средба помеѓу амбасадорот на Турција во Преторија Каан Есенер и градоначалникот на Јоханезбург Паркс Тау.

По средбата беше истакнато дека е постигната согласност за преземање на потребните иницијативи за збратимување на Истанбул и Јоханезбург.

По потпишување на протоколот јужноафриканскиот град Јоханезбург ќе стане прв збратимен град на Истанбул во субсахарска Африка.


Тагови:

Слични вести