Животните пред истребување прикажани на зградата Емпаер Стејт

На зградата Емпаер Стејт во Њујорк беше презентирана визуелна атракција со фотографии на животните пред истребување

312044
Животните пред истребување прикажани на зградата Емпаер Стејт

Познатата зграда Емпаер Стејт во Њујорк во САД стана сцена на визуелна презентација за животните чии видови се пред истребување.

На историската зграда со џиновски проектор беа прикажани фотографии на птици, лав и други видови на животни кои се пред истребување.

Оваа извонредно атрактивна презентација беше реализирана за промовирање на документарниот филм „Racing Extinction“ што ќе почне да се прикажува во декември.

Како што беше наведено пораката на филмот гласи: „Наместо да се проколнува мракот подобро е да се запали една свеќа“.

Оваа визуелна атракција која од страна на Њујорчани беше проследена со големо интересирање го запиша своето име како прва слајт презентација на историската зграда.


Тагови:

Слични вести