Нов роман на Харпер Ли по пауза од 55 години

88 годишната авторка Харпер Ли го објави својот втор роман „Go Set a Watchman“ кој го зазеде своето место на полиците

380883
Нов роман на Харпер Ли по пауза од 55 години

Американската писателка Харпер Ли по пауза од 55 години го објави својот втор роман.

По романот „Да се убие птицата подбивница“ (To Kill a Mockingbird) на 88 годишната авторка Ли кој влезе меѓу класиците на американската литература и беше објавен во 1960 година, своето место на полиците го зазеде и нејзиниот нов роман „Go Set a Watchman“.

За книгата која во прва етапа беше отпечатена во 2 милиони примероци Народната библиотека во Њујорк порача 550 примероци, додека читателите во некои градови на САД формираа долги редици пред книжарниците.

Романот на Ли „Да се убие птицата подбивница“ беше преведен на 40 јазици и беа продадени 40 милиони примероци во светот.

Авторката во романот раскажува за едно нејзино лично искуство во врска со расизмот во 1963 година во градчето Монроевил во Алабама каде и самата го поминала детството. Настаните се раскажуваат во прво лице еднина од устата на едно мало девојче кое се соочува со слични проблеми во измисленото градче Мејкомб на југот на САД.

Харпер Ли со романот „Да се убие птицата подбивница“ во 1961 година ја доби Пулицеровата награда.

Овој роман во 1962 година беше адаптиран во филм, додека познатиот глумец Грегори Пек за улогата во овој филм освои 3 Оскар награди.


Тагови:

Слични вести