Ефес на списокот на Светското наследство на УНЕСКО

Министерот Челик преку социјалната мрежа Твитер истакна дека Ефес е внесен во списокот на Светското наследство на УНЕСКО

333250
Ефес на списокот на Светското наследство на УНЕСКО

Министерот за култура и туризам Омер Челик соопшти дека античкиот град Ефес е внесен во списокот на Светското наследство на Организацијата за образование, наука и култура на ОН-УНЕСКО.

Министерот Челик преку социјалната мрежа Твитер истакна дека едно по едно се собираат плодовите на значењето кое што им се придаваше на историјата и културата.

Омер Челик потсети дека Ефес како најзначаен научен, културен и уметнички центар во свое време беше еден од најзначајните центри на античкиот период и 9 илјади години непрестано беше користено како населено место во Елинистичкиот период, Рим, Источен Рим, периодот на Беглуците и Османлискиот период.

Министерот Челик нагласи дека Ефес во текот на сите периоди на историјата беше мошне значаен пристанишен град, културен и трговски центар.


Тагови:

Слични вести