Античкиот град Хатра ќе влезе под заштита на УНЕСКО

Претходно Асур и Самара во Ирак, исто така беа вброени на списокот на светско наследство

330555
Античкиот град Хатра ќе влезе под заштита на УНЕСКО

Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), античкиот град Хатра во Ирак го зеде под заштита и го вброи на Списокот на светското наследство под заштита на УНЕСКО.

Според соопштението објавено од страна на УНЕСКО, античкиот градХатра на списокот на светското наследство под заштита беше вброен поради можноста од евентуално нанесување штета од страна на вооружените групи.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека претходно уште два антички градови во Ирак, Асур и Самара, исто така беа вброени на Списокот на светско наследство под заштита на УНЕСКО.

Од друга страна пак, на крајот на 39-от состанок на Комитетот за светско наследство што се очекува да заврши на 8 јули, ќе биде усвоена одлуката дали античките локалитети Ефес, Бедемите на Дијарбакир и Градините Хевсел ќе се вбројат на Списокот на светското наследство на УНЕСКО.


Тагови:

Слични вести