МНР и ТРТ реализираа многу значаен проект

Интернет порталот Мемлекетим ФМ може да се следи преку следната веб адреса: www.trtmemleketimfm.com

311745
МНР и ТРТ реализираа многу значаен проект

Министерството за надворешни работи (МНР) на земјава и Турската радио и телевизија (ТРТ) реализираа многу значен проект.

За воспоставување мост меѓу Турците кои што живеат во странство и Турција, беше формиран интернет порталот „Мемлекетим ФМ“ (Роден крај ФМ).

Почна спроведувањето на проектот.

Заменик министерот за надворешни работи Наџи Кору рече дека со проектот се планира да им се пружи подобра услуга на Турците кои живеат во странство.

Содржината на интернет порталот „Мемлекетим ФМ“ претежно се базира на информативни програми и музика и почнува во 7 часот наутро а завршува во 12 часот навечер.

Во рамките на програмите на интернет порталот ќе се емитуваат програми посветени на образованието, културата, семејното осветување, можностите за пракса и кариера на младите и низа други различни сфери.

Интернет порталот Мемлекетим ФМ може да се следи преку следната веб адреса: www.trtmemleketimfm.com и ќе можат да го следат сите Турци во светот.


Тагови:

Слични вести