Почнаа услугите на Турците кои живеат во странство

Работиме на активностите за заштита на нашите турски деца од страна на старателските семејства од турско или муслиманско потекло

292303
Почнаа услугите на Турците кои живеат во странство

Министерката за семејни и социјални политики Ајшенур Ислам рече дека почнаа да пружаат услуги на Турците кои живеат во странство преку центарот за повик и информирање што го отворија во рамките на министерството.

Центарот за повици за семејни консултации ќе може да се повика од целито свет преку следниот телефонски број: +90 312 253 93 00.

Министерката Ислам рече дека првото претставништво на министерството во странство ќе се отвори во германскиот град Дизелдорф.

Во интервјуто за специјалната програма „Актуелно“ на радиото Глас на Турција, министерката Ајшенур Ислам одговараше на прашањата на заменик главниот и одговорен уредник на Секторот емисии за странство Мумтаз Диздарлар и рече дека со текот на времето и поддршка на министерството, ќе се зголемат советодавните услуги за семејството.

Министерката Ислам подвлече на значењето на потребата на доброволните старателски семејства за Турците кои што живеат во странство, а кој проект се остварува во рамките на проектот амбасадори волонтери.

Работиме на активностите за заштита на нашите турски деца од страна на старателските семејства од турско или муслиманско потекло, рече министерката Ислам и упати повик до доброволците кои сакаат да бидат старателски семејства да се обратат до надлежните органи во земјата во која што живеат.


Тагови:

Слични вести