Заеднички проект на ТРТ и МНР

Многу големо е влијанието на радио емисиите

300014
Заеднички проект на ТРТ и МНР

„Мемлекетим ФМ“ (Роден крај ФМ) на Радиото Глас на Турција, нов бренд на турските печалбари кои од 1937 година копнежот по татковината го надминуваат со нашето радио.

Радиото Европа ФМ кое е приврзано кон нашиот Сектор емисии на странство, во иднина ќе се емитува под името Мемлекетим ФМ и следната веб адреса: www.memleketim.gov.tr.

Турската радио телевизија ТРТ како предводничка куќа во одговорната радидифузија, согласно заедничкиот проект со Министерството за надворешни работи, преку радиото Мемлекетим ФМ, 24 часа ќе емитува музика и актуелни информации. Засега радиото ќе може да се слуша преку интернет порталот.

Протоколот за радио станицата „Мемлекетим ФМ“ го потпишаа генералниот директор на ТРТ, Шенол Ѓока и заменик министерот за надворешни работи Наџи Кору.

Генералниот директор Шенол Ѓока во говорот што го одржа на свеченото потпишување на проектот рече дека многу големо е влијанието на радио емисиите. Радиото Мемлекетим ФМ ќе одигра голем и значајна улога во изучувањето и правилната примена на турскиот јазик особено од страна на младите Турци кои живеат во странтсво.

На свеченото потпишување на протоколот учествуваа главниот и одговорен уредник на Секторот емисии за странство д-р Сулејман Ердал, директорот на одделот за надворешни односи на ТРТ Чаглан Танкур и директорот на Управата за информатичка технологија на МНР Халдун Коч.


Тагови:

Слични вести