Стартува манифестацијата „ТРТ денови на документарниот филм"

На годинашнава манифестација аплицираа 348 документарни филмови од 42 земји

266736
Стартува манифестацијата „ТРТ денови на документарниот филм"

Во Истанбул стартува Меѓународната манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“.

На годинашнава манифестација аплицираа 348 документарни филмови од 42 земји.

На бесплатното прикажување на низата квалитетни документарни филмови освен оние кои се пласираа во финалето, ќе учествуваат и режисерите на филмовите.

Филмовите на годинашнава манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ ќе се прикажуваат во три сали и тоа салата на Истанбулското радио на ТРТ, салата на француската гимназија Нотр Дам Де Сион и Истанбулскиот музеј на современа уметност.

Маифестацијата ТРТ денови на документарниот филм ќе се отвори со канадскиот филм „Ујгурците, една апсурдна приказна за ропство“ на режисерот Патрицио Хенрикес.

Темата на филмот е приказната за тројца Ујгурци кои побегнале од Кина во Авганистан, од тука пак за Гуантанамо и до Бермудите.

Во рамките на специјалното досие вон натпреварот на манифестацијата ТРТ денови на документарниот филм, годинава ќе се прикажат филмови со воена тематика.

Во делот наречен „Воена панорама“ беа избрани филмови кои освен судирите, беа пренесени причините и лошото влијание на војните, а која тема во последните години привлекува се поголемо интересирање.

Прикажувањето на 10 документарни филмови од 6 различни земји во делот Воена панорама како и разговорите со режисерите на филмовите ќе се одржат од 8 до 10 мај во кино салата на Истанбулскиот музеј на современа уметност во населбата Караќој.

Во недела, во Истанбулската радио куќа ќе се одржи панел кој ќе претставува финално заокружување на делот наречен Воена панорама.

Гала вечерата на манифестацијата ТРТ денови на документарниот филм на која ќе бидат доделени наградите на добитниците ќе се одржи на 11 мај во студиото Тепебаши на ТРТ.

Со поопширни информации за програмата и другите детали за Седмата манифестација ТРТ денови на документарниот филм можете да се стекнете преку следната веб адреса: „www.trtbelgesel.com“.


Тагови:

Слични вести