Прелиминарна кривична истрага против градоначалникот на Безје

Францускиот премиер Мануел Валс рече дека се срами од градоначалникот Менард

264046
Прелиминарна кривична истрага против градоначалникот на Безје

Во францускиот град Безје започна прелиминарна кривична истрага против Роберт Менард, градоначалникот на општината кој водеше статистика за муслиманските ученици.

По изјавата на градоначалникот Менард во интервјуто за еден ТВ канал дека 64 насто од учениците во градот се од муслиманско потекло, Јавното обвинителство на Безје започна истрага против градобачалникот дека води статистика според верското потекло.

Францускиот премиер Мануел Валс преку прифилот на Твитер рече дека се срами од градоначалникот Менард. Републиката е на еднакво растојание кон сите деца.

Пратеникот на социјалистичката партија Карин Бергер рече дека водењето статистика според верското потекло на учениците е навреда за републиката.

Пратеникот Рази Хамади преку профилот на Твитер напиша дека учениците, последен пат се водеа на црна листа според етнилкио и верско потекло во периодот на владата на Виши.

Согласно законот од 6 јануари 1978 година во Франција е забрането да се води евиденција која ќе се базира на етничко и верско потекло на граѓаните.


Тагови:

Слични вести