ТРТ добитник на овогодишниот Радио Оскар

Наградите во име на јавниот радио и телевизиски сервис ги прими генералниот директор на куќата Шенол Ѓока

262070
ТРТ добитник на овогодишниот Радио Оскар

Турската радио и телевизија ТРТ доби 4 Радио Оскари на доделувањето на Радио оскарите во Истанбул.

Наградите Радио Оскар се доделуваат од страна на Националната радио платформа на Турција за најдобри радио и телевизиски остварувања во текот на годината.

Наградите во име на јавниот радио и телевизиски сервис ги прими генералниот директор на куќата Шенол Ѓока.

Заблагодарувајќи се на организаторот генералниот директор Шенол Ѓока рече дека да се добие признание за радио претставува голема радост и чест за мене како човек кој што кариерата во куќата ја започнав токму на радиото. Магичната кутија на радиото го пренесува гласот до сите страни на светот и токму заради тоа има посебно значење, истакна Ѓока.

Инаку ТРТ доби 4 награди Радио оскар и тоа во категориите за најдобар радио уредник која ја доби главниот уредник на радиото Амбер Туркмен, за најдобра радио емисијата која ја доби емисијата Ен радио на ТРТ ФМ, а за најдобар радио продуцент, наградата ја доби Ајфер Дурак.

На свеченоста на која учествуваа голем број истакнати личности од медиумите беа доделени вкупно 18 награди во 18 радио категории.

 


Тагови:

Слични вести