Започна емитувањето на веб страницата на новиот ТВ-канал TRT Wor

По 15 дена ќе стартува затворено коло на тест емисиите на TRT World

258651
Започна емитувањето на веб страницата на новиот ТВ-канал TRT Wor

Во рамките на свеченото одбележување на 51-та годишнина од формирањето, Турската радио и телевизија (ТРТ) започнува еден нов проект.

Започна емитувањето на веб страницата на информативниот канал на англиски јазикTRT World“ чии подготовки завршија.

Промоцијата на веб страницата на интернет беше остварена од страна на генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока.

Со новиот канал ќе го прочуеме гласот на Турција низ целиот свет, рече Ѓока.

Новиот инфирмативен ТВ-канал TRT World ќе се емитува од студијата на ТРТ во населбата Улус во Истанбул, кои се опремени со најсовремена технологија.

Каналот ќе биде придружуван со информации од студијата во Вашингтон, Лондон, Куала Лумпур.

По 15 дена ќе стартува затворено коло на тест емисиите на TRT World.

Домашните и странски новинари кои се специјализирани во своите полиња имаат за цел да влезат меѓу првите информативни канали во светот.

Меѓу боите на каналот преовладува тиркизната и каналот ќе може да се следи преку адресата „http://beta.trtworld.com“ како и социјалните медиуми.


Тагови:

Слични вести