Имаме само една единствена религија,а тоа е Исламот

Во Истанбул се одржа пригодна свеченост по повод Неделата на одбележување на раѓањето на пејгамберот Хазрети Мухамед а.с.

234658
Имаме само една единствена религија,а тоа е Исламот

Државниот секретаријат за верски прашања беше домаќин на пригодна свеченост што се одржа во Конгресниот центар во Истанбул по повод Неделата на одбележување на раѓањето на пејгамберот Хазрети Мухамед а.с.

На свеченоста присуствуваа претседателот Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу, претседателот на Народната републиканска партија Кемал Киличдароглу и низа други високи гости од политичкиот ,јавниот и културниот свет на земјава.

Претседателот Ердоган во говорот на свеченоста рече дека за жал терористичките организации кои го користат Исламот само и наштетуваат на исламската религија, и дека секташењето го разединува муслиманскиот свет. Судирите и крвопролевањето во Сирија, Ирак, Палестина и сега во Јемен потекнуваат од секташки поделби.

Ние немаме религија која се вика Сунитизам или Шиитизам. Имаме само една единствена религија,а тоа е Исламот, додаде претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести