Велигден свечено прославен во Истанбул

Главен збор на мисата во Православната црква во Истанбул имаше Патријархот на Православната црква во Фенер Вартоломеј

234189
Велигден свечено прославен во Истанбул

Празникот Велигден (Паскале) кој што се слави како ден на воскреснување на Исус во целиот христијански свет, свечено се одбележа во Истанбул.

Христијаните се собраа на миса во црквата во Патријаршијата Фенер. Главен збор на мисата имаше Патријархот на Православната црква во Фенер Вартоломеј. Црквата беше преполна за да ги прими сите верници кои сакаа да учествуваат во мисата.

Според традицијата на сите верници им беа поделени обоени варени јајца и свеќи. Верниците прочитаа молитви со запалени свеќи во рацете.

Според христијанското верување Исус воскреснал 3 дена после распнувањето на крст.

Денот на воскреснувањето на Исус Христијаните го слават како Велигден (Паскале).


Тагови:

Слични вести