Иванов на фестивал на поезијата во Невшехир

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов беше почесен гостин на 11 . Меѓународен Фестивал на поезијата Кападокија

233708
Иванов на фестивал на поезијата во Невшехир

На годинешниот 11 .по ред Меѓународен Фестивал на поезијата Кападокија учествуваа голем број поети како од Турција така и од Азербејџан, Турската Република Северен Кипар и Македонија.

Почесен гостин на фестивалот беше претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

Претседателот Иванов во поздравниот говор на фестивалот го истакна следното : големиот поет Јунус Емре рекол „убавината не познава граници“. Убавината изразена преку уметноста е како врата која се отвора кон луѓето, народите, културите и цивилизациите. Во Македонија оваа врата ја нарекуваме “комши капиџик“. За жал во 21. век многу врати беа затворени, но сепак останаа отворени вратите на соживотот, взаемното разбирање, солидарноста, почитувањето и разликите. Исто како што во минатото на нашите простори постоел капичик исто така и денес преку поезијата се отвораат духовни комшиски капии.

На фестивалот беа рецитирани низа песни на турски и на македонски јазик.

Претседателот Иванов во Кападокија го посети подземниот град и музејот на отворено Ѓореме. Иванов воедно присуствуваше на церемонијата по повод отворањето на новонаименуваната улица “Üsküp” во населбата Учхисар во Невшехир.


Тагови:

Слични вести