Невруз свечено одбележан во Тире кај Измир

Женските ефиња, како што се нарекуваат храбрите луѓе во Егејската област ја воодушевија публиката

277834
Невруз свечено одбележан во Тире кај Измир

По повод предвесникот на пролетта, празникот Невруз во Тире кај Измир се состанаа претставниците на турскиот свет.

На манифестацијата учествуваа голем број гости од 8 туркофонски земји. Учесниците на манифестацијата со традиционалните носии ги претставија мотивите на Централна Азија.

На свеченоста беше запален оган и беше ковано железо. Исто така се играше игра со ножеви и се свиреше саз (вид жичан инструмент).

Невруз со векови се смета за еден од најзначајните празници на турскиот свет.

Празникот на пролетта Невруз во Тире кај Измир беше прославен во духот на мотивите од централна Азија.

Учесниците од 8 туркофонски земји на манифестацијата учествуваа со традиционалните носии.

На манифестацијата што се одржа под покровителство на Институтот за истражување на турскиот свет при универзитетот Еге преовладуваа прекрасни разноликости и колорити.

Женските ефиња, како што се нарекуваат храбрите луѓе во Егејската област и кои играа зејбек, играа прекрасно и ја воодушевија публиката.


Тагови:

Слични вести