Кудрет Буљбуљ ќе престојува во посета на Грузија

Буљбуљ во рамките на посетата на Грузија на 25 март ќе се состане со министерот за грузиската дијаспора Гела Думбадзе

Кудрет Буљбуљ ќе престојува во посета на Грузија

Дирекцијата на Турците во странство ќе се состане со Месхетските Турциј во областа Ахиска

Претседателот на дирекцијата на Турците во странство доц. д-р Кудрет Буљбуљ и делегацијата во негова придружба на од 25 до 27 март ќе престојуваат во посета на Грузија каде што ќе го посетат подрачјето Ахиска каде што живеат истоимените Турци во оваа земја.

Буљбуљ во рамките на посетата на Грузија на 25 март ќе се состане со министерот за грузиската дијаспора Гела Думбадзе, министерот за наука Тамар Саникидзе и министерот за урбанизација и бегалци Созар Субари. Буљбуљ и делегацијата во негова придружба ќе го посетат Грузиско-турско деловно здружение.

Вториот ден од програмата, на 26 март Буљбуљ ќе ја посети областа Ахиска каде што ќе се состане со Месхетските Турци. Буљбуљ ќе одржи средба со гувернерот на областа Ахиска Акаки Мачутадзе а исто така ќе го посети и седиштето на Здружението за помош и образование на грузиските млади.

Буљбуљ и делегацијата во негова придружба третиот ден од посетата на 27 март по посетата на седиштето на Турскиот културен центар Јунус Емре и канцеларијата за координација на Турската агенција за координација и соработка ТИКА, во џамијата Џума ќе се состане со муфтијата на Источните муслимани во Грузија Јасин Алијев и шеикот на муслиманите на Грузија Рахим Игидов. Буљбуљ истиот ден ќе се состане со претседателот на Агенцијата за верски прашања на Грузија Заза Вашшакмадзе.


Тагови:

Слични вести